Претседателскиот кандидат Блерим Река од митингот во Куманово ги поздрави сите оние кои ја поддржуваат неговата кандидатура за претседател.

Во Куманово доаѓаме од Струга како два центри кои за нас се доста значајни. Во мојот мандат, ќе се вклучам во зајакнувањето на овие два града, кои имаат порта за два важни коридори. Но, кога дојдов тука денес во Куманово бев малку бев разочаран, бидејќи видов празни улици, празни продавници, продавници во потрага по работници. Тоа е тажно за нас ", рече професорот Река.

Тој изрази загриженост во врска со иселувањето на граѓаните особено на младата популација.

Според него, предвидувањата се дека до 2035 година 23 отсто од населението ќе биде иселено од нашата земја, како резултат на погрешните политики кои се имплементираат.

Како Претседател ќе се заложам за преговори со Европската Унија и ќе работам во таа насока, бидејќи како што стои сега ситуацијата, тешко дека Северна Македонија и оваа година ќе добие датум за преговори, истакна Река пред Кумановчани.

*Платено политичко рекламирање