Претседателот на Движењето Симоопределување Албин Курти, беше гостин на митингот на кандидатот за Преседател Блерим Река во Куманово.
Тој пред присутните истакна дека со гласот даден за Блерим Река албанците ја искажуваат својата самопочит. Верува дека политиките на Блерим Река ќе го зацврстат статусот на Албанците во Македонија.
- Големите градови како Охрид, Битола, Велес и Преспа, кои имале доминантна албанска популација, сега се испразнети. За жал во дијаспората има повеќе Албанци отколку во нивните родни градови. Постојат три града Куманово. Еден е во Турција, еден е во Швајцарија и овој овде. Но сите тие три града треба да го искористат правото да одлучуваат за себе и да го направат Блерим претседател. Во режимот на Груевски најмногу страдаа Албанците. Северна Македонија мора да стане живеалиште за Албанците, така што нема да заминат, туку ќе почнат да ги уживаат своите права, истакна Курти на митингот на Блерим Река во Куманово.
Тој додаде и дека останатите двајца кандидати се еден против друг а дека Река нема противник:
- Сега е време да го смениме името на претседателот од Ѓорге Иванов во Блерим Река. Другите кандидати се еден против друг но професорот Блерим Река нема противник, истакна Албин Курти.
*Платено политичко рекламирање