Гордана Силјановска Давкова, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претседател, се огласи на социјалните мрежи по митинзите вчера.
Заевизмот е политика која не создава јавна вредност. Многу кажуваат, забораваат па негираат. Не само што го забораваат ветеното, политичкото, туку го забораваат и минатото. Ја заборавија и химната, и Струмица и Македонија. Нашата филозофија, моја и на луѓето што ме поддржаа е: помниме, правиме, спроведуваме.