Кандидатите за претседател на државата и денеска ја продолжуваат кампањата и на средби со граѓани, трибини и митинзи ќе ги претстават своите изборни програми.
На осмиот ден од кампањата, Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА, ќе има средба со граѓаните на општина Куманово.
Во текот на вчерашниот ден, Река ја побара поддршката од граѓаните на Куманово каде беше на средби со граѓани и митинг во придружба на лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами и лидерот на косовското „Самоопределување“, Албин Курти.
Вие сте тие кои може да направат промена со вашиот глас, бидете внимателни за кој кандидат ќе гласате. Мојот друг приоритет е 0 проблеми со соседите. Мој приоритет е еден ден Балканот да биде Балкански Бенелукс, Балкан без граници, слободен промет на стоки, услуги, капитал, каде што нема да биде важно каде ќе живееш, во Скопје, Тирана,Приштина или Подгорица или пак каде и да е. Сето ова е многу важно за да не станеме празна држава, истакна Река пред Кумановчани.
*Платено политичко рекламирање