Преку успешните приказни на жените во ИТ-секторот се мотивираа младите девојки да влезат во светот на компјутерите, наука што има иднина. Во организација на Мајкрософт Македонија денеска карванот на „DigiGirlz“ беше на Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Елисавета Нојковска, регионален маркетинг-менаџер за модерното работно место за 24 држави во Мајкрософт Македонија вели дека целта на овој караван е да ги мотивираат младите девојки да влезат во ИТ секторот, како што посочи таа кога студирала во оваа струка девојчињата биле застанени од 5 до 10 отсто, но оти сега овој процент изнесува од 40 до 45 отсто. Смета дека оваа бројка е значајна, но потребно е младите девојки да се мотивираат, бидејќи ИТ-секторот нуди големи можности за кариера и како што вели како наука не е досаден, туку интересен и забавен.

- „DigiGirlz“ ги внесува овие млади девојчиња во кодирање, програмирање, иновација во креирањето и стимулирањето на нови ИТ-идеи со цел да се зголеми нивното учество во овие професии, вели Нојковска.

Пред младите девојки се обратија познати личности од ИТ-заедницата од Македонија. Девојчињата имаа можност да учат од Цвета Мартиновска Банде, декан и професорка на Факултет за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“. Карванот на „DigiGirlz“ продолжува во Битола и Тетово, а почна од Скопје.