Кандидатот за Претседател Блерим Река денес беше на средби со граѓани во Тетово и во Теарце. Во многубројните средби што ги оствари тој се сретна и со ветераните на ОНА.

За жал и после 18 години, ние не сме држава за сите. На средбите со граѓаните како и со поранешните членови на ОНА денес ветерани ми беше јасно посочено дека државата нема направено ништо за да им се помогне. Ниту после цели 18 години, не се спроведе анексот за ресоцијализација на Охридскиот рамковен договор преку кој ќе беше опфатена ресоцијализацијата на припадниците на ОНА, истакна Блерим Река по средбата.

*Платено политичко рекламирање