Пред жителите на Теарце кандидатот за Претседател Блерим Река ја претстави својата изборна програма и потенцираше дека ќе работи на тоа да има државен систем што е добар за сите. Ја потенцираше поддршката што ја добива од двете партии за победа.

- Јас велам република, а не општество за сите. Сега Македонија не е држава за сите. Како претседател и како врховен командант ќе се залагам НАТО како гарант на Охридскиот договор да помага во ресоцијализацијата на припадниците на ОНА, за кои во разговор овде низ Тетовско разбрав дека немаат добри услови за живот. Никој не може да ги натера Албанците да гласаат против себе, против Албанец, истакна Река во Теарце.

Река продолжи со изразување благодарност за масовното присуство и дека се чувствува многу почитуван од жителите на Теарце. Заедно го започнавме ова патување и на 21-ви април ќе излеземе како победници. Албанската свест напредувала и денес никој не може да ги присили Албанците да гласаат против својата волја, заокружи Река.

*Платено политичко рекламирање