Вечерва претседателскиот кандидат, проф. Блерим Река, ја продолжи својата кампања во Теарце, каде што беа присутни стотици граѓани. За време на митингот, претседателскиот кандидат, проф. Река беше придружен и од страна на лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села и лидерот на движењето Беса, Билал Касами.
Претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села смета дека реториката на ДУИ за разлика од нив политички е некоретна. – ДУИ има двојни политички аршини. Порано беше против Пендаровски, сега го сметаат за консензуален кандидат. Ние сме за вистинска консензуланости и на Албанците им се јасни овие работи. Барам од Вас да им објасните на членовите на ДУИ дека оваа опција е подобрата-рече Села.
*Платено политичко рекламирање