Вечерва претседателскиот кандидат, проф. Блерим Река, ја продолжи својата кампања во Теарце, каде што беа присутни стотици граѓани. За време на митингот, претседателскиот кандидат, проф. Река беше придружен и од страна на лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села и лидерот на движењето Беса, Билал Касами.
- Беса со сите ресурси ќе даде поддршка да се избере претседател Албанец, рече партискиот лидер Билал Касами. -Пендаровски вика дека е кандидат на СДСМ, а ДУИ смета дека е консензуален. Албанците ќе го прифатат единствениот Албанец за претседател. ДУИ велат дека Албанците се рамноправни, но ние не гледаме разлика. СДСМ не се подготвени да прифатат дека не е решена рамноправноста на Албанците во државата, истакна Билал Касами лидер на Движењето Беса.
Касами додаде и дека Блерим Река дава можност да им се каже не на сите неправди нанесени кон Албанците.
*Платено политичко рекламирање