Кандидатите за претседател на државата и денеска ја продолжуваат кампањата и на средби со граѓани, трибини и митинзи ќе ги претстават своите изборни програми.

На деветиот ден од кампањата, Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и БЕСА, ќе има средба со граѓаните со жителите на општина Боговиње, Општина Врапчиште и Околните села. Средбите ќе се случат во селото Градец.

Во текот на вчерашниот ден, Река ја побара поддршката од граѓаните на Теарце каде беше на средби со граѓани и митинг во придружба на лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села и лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами.

- Јас велам република, а не општество за сите. Сега Македонија не е држава за сите. Како претседател и како врховен командант ќе се залагам НАТО како гарант на Охридскиот договор да помага во ресоцијализацијата на припадниците на ОНА, за кои во разговор овде низ Тетовско разбрав дека немаат добри услови за живот. Никој не може да ги натера Албанците да гласаат против себе, против Албанец, истакна Река во Теарце.

*Платено политичко рекламирање