Тим од млади, амбициозни, професионални и високообразовни кадри ја креираат и ја спроведуваат кампањата на кандидатот за Претседател Блерим Река.

Покрај големиот број на активисти кои се приклучија во претседателскиот караван на професорот Река, координацијата за настаните, митинзите, средбите со граѓаните, контактот со медиумите и социјалните мрежи како и сите останати аспекти на изборната кампања го води тим составен од пет луѓе.

Флорин Хасани е шеф на изборниот штаб на кандидатот за Претседател Блерим Река. Тој има дипломирано на факултетот за компјутерски науки на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Неговата кариера е фокусирана на компјутерски науки, дизајн, графика, маркетинг и менаџмент. Формулирање на стратегии, брендирање и дигитален маркетинг се главните области на Флорин. Работното искуство во неговата професионална кариера го стеклнал во повеќе локални и меѓународни компании како што се Еколог Интернационал, НД Балкан, ЈЕД Холдинг. Освен Албанскиот јазик, ги владее и Македонскиот, Англискиот и Турскиот јазик.

За ПР стратегијата на кандидатот за Претседал, професорот Блерим Рекам, задолжена е Влера Ѓакова. Влера има двојна диплома во областа на економијата како и во областа на комуникации, а истовремено ги следи студиите во областа на филозофијата при Универзитетот Аристотел во Солун. Има 12 годишно искуство во областа на комуникологијата, во компании и други локални и меѓународни институции. Меѓу другото, Влера има покажано граѓански истакнат активизам за работи во областа на Балканската политика, родовата еднаквост, транспаретност и друго. Освен Албанскиот јазик ги владее и Македонскиот, Англискиот, Германскиот, Францускиот, Грчкиот, Српскиот и Турскиот јазик.

Рамадани Реџепи е задолжен за односот со медиумите и тој е портпарол на кандидатот за Претседател, Блерим Река. Рамадани дипломирал на Универзитетот на Југоисточна Европа во областа на комуникациските науки и за време на неговата кариера работел во различни области на маркетингот и менаџментот. Има искуство во локални компании и меѓународни како што се Порше Македонија, Медикус Хелп, Фармаци, Телевизија 21 и други. Освен Албанскиот јазик ги владее, Македонскиот, Англискиот, Германскиот и Српскиот јазик.

Агон Зибери е задолжен за развој и оддржување на веб страната на професорот Блерим Река како и за социјалните мрежи. Иако Агон е дипломирал политички науки и меѓународни односи на Универзитетот Истанбул Шехир, негова пасија е информатиката. Неговата кариера ја изградил во компании и други инситуции како, Д4Д, СЕТА и други. Освен Албанскиот јазик, ги владее и Македонскиот, Англискиот и Турскиот.

Гезиме Златку во тимот на кандидатот за Претседател, Блерим Река е задолжена за координација на сите волонтери и активисти кои се дел од поширокиот тим на професорот. Гезиме студира на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје во областа на екоменаџмент и екоинженеринг. Во нејзината биографија се запишани повеќе експертизи од областа на дигиталниот маркетинг и менаџмент а била дел и од повеќе меѓународни академии и обуки во областа на менаџментот, маркетингот и екоинжињерингот. Освен Албанскиот јазик, ги владее и Македонскиот, Англискиот и Турскиот јазик.