Во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ каде е сместена Командата за обука и доктрини денеска се одржаа веќе традиционалните спортски игри во стрелаштво, пинг понг, шах и фудбал на кој учествуваа припадници на АРМ од Единицата на Командата за обука и доктрини, питомци од Воената Академија, членови од Стрелачкиот клуб „Велес“, од ЈКП „Дервен“ и Винаријата „Стоби“.
Инаку поради врнежливото време фудбалските натпревари наместо на игралиштето на касарната, се одржаа во Спортската сала „Гемиџии“ во Велес.
На најдобрите им беа доделени награди и признанија, а им ги врачи Командантот на КОД полковник Љубенчо Петровски.
Инаку Денот на Единицата на Командата за обука и доктрини 15 Април ќе биде одбележан во понеделник.