Во државава владеењето на правото е исчезнато, мора да ја вратиме и изградиме републиката, порача вечерва во „Отворено на Алфа“ претседателскиот кандидат поддржан од Алијанса за Албанците и Беса, Блерим Река.

-За да бидеме права република треба да постои принципот на владеење на правото, кој што, за жал, досега не го имам видено. До сега Македонија се води од владеење на личноста, и веќе одиме кон владеење на култот на личноста. Мојот слоган гласи „Една република за сите“ , за владеење на законот над сите. Значи да република на сите, за сите граѓани, од верска, национална и друга различност, но пред се законот за сите. Во 11-годишното владеење, поранешно, имавме заробена држава, но гледам дека после овие последни две години, ние полека, полека, одиме кон приватна држава. Кога се зависи од една личност - премиерот, тогаш тоа не е владеење на закон, нагласува Река.

Според него ако тој минатогодишен концепт, сега преминува во концепт на приватна држава на премиерот, тогаш ништо од републиката.

-За да не се случи тоа, неопходна е деполитизација на судството, елиминација на непотизмот во јавната администрација, да нема пазар за иднината на СЈО, Врховниот суд да не толкува закони, туку да суди, додека Собранието мора да престане да се занимава со амнестии и имунитети туку да го толкува и дискутира Законот за СЈО, вели Река.

*Платено политичко рекламирање