Кандидатот за претседател на Алијанса за Албанците и Беса, професорот Блерим Река, вечерва во „Отворено на Алфа“ анализираше зошто земјава нема да добие датум за почеток на преговорите во јуни.

-Што мислите дека ќе напишат делегацијата на Европската Унија и сите амбасади во своите извештаи за Македонија? Тие веќе ни прогледаа низ прсти и не наградија што веќе почнаа државите членки да ги ратификуваат протоколите за членство во НАТО заради преспанскиот договор. Ќе станеме членка на НАТО, но тоа е геополитика, но кога станува збор за членство во Европската Унија , која не е само геополитика туку и техника, смета Река.

Според него, постојат прецизни „бенџмаркови“, односно услови, како што нас ни се предочија лани во јуни, што требаше да ги исполниме до денеска, тоа се: независно судство, јавната администрација, реформи во безбедносниот сектор и борбата против корупцијата.

-Кажете ми еден завршен корупциски случај за мега – корупциски скандал во Македонија? Нема. Првиот дел од условите не е исполнет. Случајот “Тенк“ ? Па има многу поголеми корупциски скандали од случајот „Тенк“, во кој нема оштета на буџетот, нагласува Река.

*Платено политичко рекламирање