Да не дозволиме после 30 години од падот на комунизмот во нашата земја да се врати еднопартискиот систем. Затоа сметам дека мојата кандидатура која пред се е независна бидејќи не припаѓам на ниедна политичка гарнитура и како кандидат кој не припаѓам на мнозинскиот дел може да биде здраво за македонската демократија, како еден коректор, како еден контролор на политиките на Владата. Кога зборувам за коректор и контролор не подразбирам блокирање на владините политики и проекти туку подобрување на истите преку ингеренциите и надлежностите кои ги има институцијата Претседател, истакна кандидатот за Претседател Блерим Река во интервју за емисијата „Отворено“ на Алфа Телевизија.

Блерим Река даде своја визија за што би се залагал како Претседател во делот на одбраната и армијата односно во улогата на Врховен командант на вооружените сили.

Во НАТО делот, како врховен командант на вооружените сили на Република Северна Македонија а од идната година и 30-та земја членка на НАТО, ќе се потрудам во три сегменти да направам реформи во Армијата на Република Македонија. Нема да се мешам во ингеренциите на Министерството за одбрана бидејќи тоа е оперативниот дел на системот но стратешки ќе се ориентирам на три аспекти. Прво, ќе се фокусирам на исполнување на првиот услов за НАТО а тоа е да одвоиме 2% од домашниот буџет за армијата, второ ќе се трудам за компатибилност со земјите членки на НАТО не само за човечкиот кадар во Армијата туку и за воената опрема и третата и суштинска реформа ќе се однесува безбедносните информативни служби во Армијата, истакна професорот Река.

*Платено политичко рекламирање