Кандидатот за претседател на Алијанса за Албанците и Беса, професорот Блерим Река, вечерва во „Отворено на Алфа“ го анализираше изборниот модел за Претседател, велејќи дека во иднина треба да се размислува за негова промена.
Ние имаме еден чуден изборен модел за Претседател, бидејќи тој на крајот дава една пат позиција заради тоа што со ваков систем Албанец тешко може да стане прв човек на државата но исто така ниту Македонецот може да биде избран за претседател без гласовите од албанскиот електорат. Во таа насока ни се потребни три уставни измени за да се избегне оваа ситуација и во вториот круг да не се случува т.н. трговија за гласови, истакна кандидатот за претседател на Македонија Блерим Река во телевизиското интервју на Алфа.
Согласно тоа, Река вели дека во иднина потребно е да се промени изборниот систем за шеф на државата во насока на или зголемување на неговите уставни ингеренции, или бирање во Собранието или воведување на потпретседател на државата како Уставна категорија која би доаѓала од редовите на немнозинското население во Македонија.
- Ако остане овој систем мора да се надогради од причина што институцијата претседал има висок легитимитет кој му го даваат околу 900.000 граѓани додека неговите уставни ингеренции се премногу мали. Во споредба со извршната власт, премиерот може да биде избран и со 200.00 гласови а има голем број на уставни надлежности. Во ваков случај ние тука мора концептуално нешто да промениме. Или да ги подгинеме уставните комптенции за претседателот на државата ако го задржиме овој изборен систем или да се оди на избор во парламентот со дво-третинско мнозинство во случај да останат истите ингеренции на претседателот, истакна професорот Река.
- Постои и трета опција, доколку не сме за промена ниту на едниот ниту на другиот концепт. Во тој случај треба да се размисли за функцијата потпретседател на државата кој ќе биде вториот човек по гласови од немнозинските заедници со цел избегнување на политичкиот пазар за гласови кој се случува најчесто во вториот круг, додаде Река.
*Платено политичко рекламирање