Кандидатот за претседател на Македонија, Блерим Река во своето гостување на Телевизија Алфа децидно потврди дека во ниту еден случај нема да ги искористи гласовите кои тој ќе ги добие за политички пазар.
- Нема да се пазарам со гласовите на моите гласачи. Тоа е едно свето право, лично право на секој поединец и тие гласови не се мои гласови туку им припаѓаат на граѓаните и никој нема право да ги користи или уште полошо да тргува со гласовите на гласачите, истакна професорот Река.
Тој додаде и дека е жално тоа што се случува со демократијата во нашата земја особено кога станува збор за претседателски избори алудирајќи на политичките пазари кои лидерите на партиите ги прават особено во вториот круг на претседателските избори.
- Ова што се правеше во петте претседателски избори не личи на демократија. И тука се поставува легитимното прашање зошто треба да излеземе и да гласаме на претседателски избори ако лидерите во вториот круг треба да одлучат на кого ќе ги „дадат“ гласовите. Во таков случај тие се ставаат над граѓанската демократија, над гласачите и создаваат слика како да тргуваат со домати и со зеленчук на битпазар. Правото на глас за мене е свето право и никој неможе да игра со чуствата на гласачи, истакна кандидатот за Претседател во гостувањето на Телевизија Алфа, Блерим Река.
*Платено политичко рекламирање -