Кандидатот за претседател Блерим Река, кој доби поддршка од Беса и Алијансата за Албанците, вечерва во Боговиње ја нагласи слободата на гласачот, а не, како што рече, диктатот на другите партии.
– Вашата присутност во овој голем број, потврдува дека сте против диктатот. Дел сме од едно време каде владејачките албански партии се против единствениот албански кандидат. Владеење на поединецот ја приватизира државата. Цели 11 години имавме заробена и приватна држава, рече Река на средбата со жителите во Боговиње, каде што беше придружуван од лидерите на Алијансата за Албанците и Беса, Зијадин Села и Билал Касами.
*Платено политичко рекламирање