Вечерва претседателскиот кандидат, проф. Блерим Река, ја продолжи својата кампања во Боговиње, каде што беа присутни стотици граѓани. За време на митингот, претседателскиот кандидат, проф. Река беше придружен и од страна на лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села и лидерот на движењето Беса, Билал Касами.

– Тука сме за да покажеме дека професорот Река е најдобар избор за сите Албанци. Река со поддршката на сите Албанци ќе го помине вториот круг и ќе биде победник на овие избори. Покана кон сите Албанци, Македонци, Роми да гласат за Блерим Река затоа што тој е најдобар избор и најдобар кандидат за Македонија, истакна Касами.

Според Села, поддршката за Блерим Река е, како што рече, правниот пат кој треба сите да го следиме.- На 21 април продолжуваме кон победата. Сите да го поддржиме Блерим Река, рече Села.

*Платено политичко рекламирање