Претседателските кандидати денеска со средби со граѓани, трибини и митинзи ја продолжуваат изборната кампања со претставување на нивните програми и концепти.

На десеттиот ден од кампањата, независниот претседателски кандидат Блерим Река поддржан од Алијансата за Албанците и движењето БЕСА ќе има средба со докторите од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, почнувајќи од канцеларијата на д-р Арбен Таравари. Вечер ќе има средба со граѓаните во Брвеница.

Во досегашната кампања меѓу клучните теми на кандидатите беа Договорот од Преспа, проблемот со миграцијата на младите, перспективите за членство на државата во НАТО и ЕУ, но и дневно политички теми.

Завршната конвенција на професорот Блерим Река е на 18. месецов.

*Платено политичко рекламирање