Се повеќе средношколките се одлучуваат да ја изберат информатичката технологија (ИТ) за своја професија, покажуваат состојбите на универзитетите, а и такви се ставовите на учесничките на Digi Girlz караванот на Мајрософт Македонија што се одржува низ повеќе градови, кој денеска беше во Тетово.
Караванот има слична цел, да ги поттикне и мотивира младите девојчиња да размислуваат за едукација и работа во ИТ, кодирање, програмирање, иновација во креирање и смислување на нови ИТ идеи.
– Нас жените не радува онаа статистика која покажува дека во делот на завршени студенти веќе е поголем е бројот на девојчиња од момчиња, што зборува за фактот дека жените се поистрајни во одредени процеси, замисли и визии. Во делот на бизнис заедницата и инволвираноста од нашите Диги Гирлз спикерки дознаваме дека во градовите расте процентот на вклученост на жените во ИТ СТЕМ науки и е помеѓу 20 и 40 отсто зависно од градот. Така имаме со што да да ги охрабриме младите девојчиња кои се на крстосница во врска со изборот. Можеме да забележиме од нивниот фидбек по завршувањето на трибините дека дефинитивно по напуштање на овој настан кајнив се менува насоката и матрицата на размислување и започнуваат се повеќе да се интересираат за ИТ науките, рече Ема Анчевска.
И од Мајкрософт Македонија велат дека вклученоста на девојките е зголемена.
-Мајкрософт веќе 19 години работи на настани за инклузијата на женската популација. Пред се сакаме да им помогнеме да можат да направат вистински избор во денешно време кога новите технологии се повеќе и повеќе навлегуваат во порите и таа дигитална трансформација е дел од иднината. Со сите овие настани и предавачи сакаме да им покажеме дека женската популација е еднаква со машката и може да се постигнат огромни резултати и од нивната страна и со нивно инволвирање во технологијата и иднината, истакна Љупчо Георгиев од раководител на Мајскрософт за Македонија и Косово.
Вероника Карева професор на Универзитетот на ЈИЕ вели дека нивното искуство покажува оти постои дополнителна вредност во сите сфери кога жените се вклучени.
-Како универзитет сме многу среќни што се повеќе имаме студентки, девојчиња кои се одлучуваат за кариера во технологија. Важно е да има разноликост, да има девојчиња во технолошките области затоа што кога има женска сила во тимот тој е покреативен и поиновативен. Исто така, сметам дека треба да има повеќе машки во јазичните науки. Според мене, тоа што нас не одвојува од сите е тоа што инсистираме на разноликост во секоја смисла на зборот, рече Карева.
Пред средношколките од Тетово зборуваа и успешни жени од Македонија во ИТ бизнис сферата.