Претседателскиот кандидат, професорот Блерим Река, ја претстави својата кандидатура пред граѓаните на Брвеница. Со кандидатот за Претседател беа и лидерите на Алијансата за Албанците, Зијадин Села и движењето Беса, Билал Касами кои му ја дадоа својата поддршка како единствен кандидат од албанската етничка заедница.
- Иако секојдневно зборуваат за ЕУ и НАТО во суштина секој ден се повеќе и повеќе не одалечуваат од Европската Унија заради тоа што политиките кои ги спроведуваат како власт се во спротивност со основните принципи и политики на Европската унија, истакна лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села на собирот со граѓаните во Брвеница.
Во таа насока тој додаде и дека политичките пазарења на име на правдата не одалечуваат од Европската Унија.
- Неможеме да бидеме дел од ЕУ со амнестирање на криминалците. Правејќи политички пазари на сметка на правдата ние се повеќе и повеќе се одалечуваме од Унијата. Ни продаваат приказни дека сме станати правна држава дека функционира концептот едно општество за сите а во практиката се се сведува на амнестирање на криминалци. Затоа професорот Река е надежта за подобар живот и подобар статус на Албанците во Македонија, додаде Села.
*Платено политичко рекламирање