Универзитетскиот професор и поранешен премиер Владо Бучковски на денешниот настан во Штип каде што присуствуваше на промоцијата на книгата „Реторика-Историски и современи аспекти“ на која е коавтор на делото, даде оценка за досегашниот тек на претседателската кампања.

Првиот дел од кампањата за претседателските избори е загревање, а во вториот дел од кампањата ќе се виде вистинско лице и на кандидатите, но и на партиите, кои што стојат зад нив, оценува универзитетскиот професор и поранешен премиер Владо Бучковски.

-Јас лично сум задоволен од начинот на којшто комуницираат досега двете водечки партии. Мислам дека памтиме други кампањи, каде што нивото, реториката беше далеку под потребното ниво. Мислам дека за тоа има позитивен придонес и карактерот на тројцата кандидати, а професорот Река е пријатно изненадување во оваа кампања, вели Бучковски запрашан како го оценува првиот дел од кампањата и дали кандидатите праќаат вистински пораки или се насочеки кон дискридитација на противникот.

Забележа дека потребни се дебатите меѓу тројцата кандидати, но и вистински дебати на кандидатите за претседател со граѓаните.

*Платено политичко рекламирање