Претседателските кандидати денеска со средби со граѓани, трибини и митинзи ја продолжуваат изборната кампања со претставување на нивните програми и концепти.
На единаесетиот ден од кампањата, независниот претседателски кандидат Блерим Река поддржан од Алијансата за Албанците и движењето БЕСА ќе се сретне со граѓаните на Велес.
Вчера, професорот Река пред граѓаните на Брвеница истакна дека неговиот концепт е за универзална Република за сите граѓани, за владеење на законот и правда за сите.
- Дојде време за претседател Албанец, затоа што и Албанците се граѓани на оваа земја. За да може да го живееме концептот за една Република за сите, треба да постои реална еднаквост, а не само формална, за сите граѓани на оваа земја, нагласи Река
Во досегашната кампања меѓу клучните теми на кандидатите беа Договорот од Преспа, проблемот со миграцијата на младите, перспективите за членство на државата во НАТО и ЕУ, но и дневно политички теми.
Завршната конвенција на професорот Блерим Река е на 18. месецов.
*Платено политичко рекламирање