Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова на својот фејсбук профил упати критика кон владините економски политики кои државата ја сместуваат на срамното последно во регионот.

Владата мора да престане да се коцка со иднината на Македонија

Светската банка излезе со поразителни, катастрофални податоци за Македонија. На индексот кој го мери човечкиот капитал земјата се наоѓа на срамното последно место во регионот, подолу и од Косово, а дури на 88-то место во светот.

Не само тоа, туку нашите деца имаат најслаби резултати на стандардизираните глобални тестови и дури и послаб квалитет на здравствени услуги од нивните врсници во регионот.

Најавите за приватизација на здравствениот систем и отсуството на какаво било вложување во образованието ги урива надежите на младите Македонци за подобро утре и ги осудува да бидат заковани на самото дно на Европа.

Иднината на Македонија ќе ја обезбедиме само преку безрезервен влог во нашите деца, во нивното здравје и во нивното образование.

Заев се коцкаше со Македонија, играше all-in и ја добивме срамната 'Северна ...', но зарем ќе му дозволиме да ја прокоцка и иднината на нашите деца? - стои во соопштението на Силјановска.

*Платено политичко рекламирање