Поздрав и до граѓаните. Поздрав до Македонците, Албанците, Ромите Власите, Бошњаците, Египјаните, зошто претседателот е и ќе биде претседател на сите граѓани без оглед на нивната етничка, расна, верска или било која друга припадност, истакна Силјановска Давкова на митингот во Центар.

Силјановска Давкова посочи дека е среќна што расне нејзиниот процент на поддршка кај Албанците во Македонија. Бидејќи на избори одат поединци, а тоа се нејзините бивши и сегашни студенти, тоа се тие на кои била ментор, наследници на нејзините побратимци од Кичево и знаат што е беса. Знаат да препознаат кој е нивен претседател. И таа одговорно тврди дека тоа ќе го оствари.