Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска се обрати пред граѓаните во Општина Центар.
Силјановска Давкова рече дека ако ВМРО-ДПМНЕ отвори за нејзе врата без да ја прифати партиската програма да се натпреварува со своја програма со останатите кандидати според неа тоа е најголем доказ за капацитет за реформи насочени кон внатрепартиска демократија. Таму имало вистински натпревар, натпревар по хотели немало.
Отсуство на внатрепартиска демократија се сели во институциите, во парламентот, во владата, во судот, и резултатот е кој? Укината поделба на власта. Ние немаме законодавна, извршна и судска власт. Ние немаме спреги и кочници. Се е во рацете на една група на Илинденска и се е во рацете на еден човек. Затоа зборуваме за филозофијата наречена заевизам, кажувам-заборавам-негирам. Мојата филозофија е и ќе биде тоа што ќе го кажам секогаш ќе го помнам и нема само да го помнам туку ќе го остварам, нагласи Силјановска Давкова
Силјановска Давкова посочи дека во системот на поделба на власта ние одамна немаме Собрание. Оти Собранието е место за жестока дебата, за спротивставени ставови, за градење консензус, но пратениците тие 81 само креваат раце за одлуки што веќе се донесени на друго место.
Правната држава ќе биде нашата заедничка партија, зошто без правна држава не може да има демократија, истакна Силјановска Давкова.