Кандидатот за претседател, Проф. Блерим Река, денес ја продолжи кампањата во Велес и во селата горно и долно Јаболчиште, каде се оствари средби со граѓани. Во текот на средбите, професорот Блерим Река, се осврна на корупцијата, непотизмот и организираниот криминал како главна причина за губење на довербата на граѓаните и главна причина за масовно иселување од државата.
“Само владеењето на правото во една вистинска Република ќе го искорени управувањето на олигарсите и ќе го врати владеењето засновано на отчетност. Судбината и иднината на овој народ не може да остане заложник на поединецот, или било коj да е тој", истaкна Река.
*Платено политичко рекламирање