Однадвор велат дека економијата македонска лази по земја, дека е неспособна, дека е импотентна, дека не е либерална, ја оценуваат со нула, истакна кандидатот за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова на митингот во Кисела Вода.

Силјановска Давкова истакна дека секој ден македонскиот народ слуша како власта се фали дека е успешна на секое поле, за што ќе добиеле дури и Нобелова награда за мир. Се фалеле со зголемена вработеност, но никој не знае која е бројката на вработените. Никој не знае дали бројката со која власта се фали се однесува на државната и јавна администрација или навистина се однесува на директен ангажман во производниот процес. Но за второто сигурно не е, бидејќи никој нема слушнато за капитални инвестиции во Македонија од којзнае кога. Вработувањата се врз основа на непотизам, врз основа на фамилијарност, а ни малку не врз основа на стручност и компетентност. Од таквите вработени никој нема полза, освен власта бидејќи може да ги користат како гласачка машина. Тоа е армија на луѓе што троши наши пари. Армија на луѓе што не знае како скицира пат кон ЕУ.

За корупцијата и криминалот веќе човек не знае што да каже. Станаа секојдневие. Станаа нешто нормално, а сосема ненормално се. Секој ден се случуваат во неограничени размери. Од друга страна сите укажуваат дека земја со корупција и криминал е земја со загрозен суверенитет. Земја со корупција и криминал е земја со загрозена безбедност. Земја со корупција и криминал може лесно да биде мета на терористички закани, ама тие живеат во нивниот свет, во нивниот богат мирен свет, далеку од вашиот и нашиот. Тој свет набрзо ние ќе го предизвикаме, тој свет ние набрзо ќе го срушиме, истакна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова вети дека ќе почнеме да градиме нов свет, свет на право, правда и правичност. Доаѓаат изборите, а на изборите првиот и последен глас, конечниот глас го имате вие. Граѓаните на Република Македонија, без оглед на етничка, расна, верска и било која друга припадност. Ако нашите цели се неразделни од правото, правдата, етиката тогаш сме ние извонредно добро друштво. И одиме во вистински правец, тој правец е европскиот. Зошто модерна Европа е Европа на владеење на правото, посочи Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова повика да се санкционира криминалот и корупцијата, да се санкционира неправдата, и да се докаже на власта дека се изборно делитимирани, а тоа значи заминување. А, заминувањето значи отворање на нова страница наречена предвремени парламентарни избори. А, со тоа ќе завладее правото и правдата во Република Македонија, нова ера во македонската историја.

*Платено политичко рекламирање