Претседателските кандидати со средби со граѓани, трибини и митинзи ја продолжуваат изборната кампања со претставување на нивните програми и концепти.

Независниот претседателски кандидат Блерим Река поддржан од Алијансата за Албанците и движењето БЕСА утре ќе се сретне со граѓаните на Кичево со почеток од 19:00 часот во Домот на културата. На митингот ќе се обратат и лидерите на БЕСА и АА, Зијадин Села и Билал Касами.

Денес, професорот Река пред граѓаните на Велес се осврна на корупцијата, непотизмот и организираниот криминал како главна причина за губење на довербата на граѓаните и главна причина за масовно иселување од државата.

“Само владеењето на правото во една вистинска Република ќе го искорени управувањето на олигарсите и ќе го врати владеењето засновано на отчетност. Судбината и иднината на овој народ не може да остане заложник на поединецот, или било коj да е тој", истaкна Река.

*Платено политичко рекламирање