Деветнаесет ученици и тројца професори од Општинското угостителско училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид престојуваат во Италија, во рамки на проектот „Учиме од најдобрите“ што се спроведува како дел од програмата „Еразмус плус“ поддржана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Тие дваесет дена ќе престојуваат во реномиран хотел со четири ѕвездички на Сицилија, каде ќе изведуваат практична работа, со цел да ги презентираат стекнатите знаења, но и да ги надополнат, развијат, како и да се запознаат со современите принципи на работа и високите европски стандарди во угостителството и туризмот во светски рамки, и на тој начин да вложат во личниот и професионален развој.
Ова е третпат ученици од Охрид да бидат дел од проектите за обука во странство преку „Еразмус плус“.