Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим вечерва беа дел од втората телевизиска дебата помеѓу кандидатите за претседател на Македонската телевизија.

Кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски ја критикуваше неговата противкандидатка Силјановска дека била дел од политиката и во минатото и зборуваше за политиките на владата на Никола Груевски.

-Јас ниту сум имала некаква улога, ниту сум била дел од тие структури, за разлика од мојот противкандидат Пендаровски којшто бил советник за безбедност и надворешна политика, речиси во сите процеси од 1990тата година па до денеска во сите структури. Би требало советникот да ги советува оние за кои бил платен да влијаат врз концептот на владеењето на правото, но во градењето на кариерата тој се разбира станал дел од тој систем. Ако сте креирале еден модел на систем тогаш вие не можете да го измените него, креаторот не може да биде реформатор, истакна Силјановска.

Таа додаде и дека нема спас од евоцирање спомени и дека треба да се соочиме со сегашната ситуација за да се решат проблемите со кои граѓаните се соочуваат секојдневно.

*Платено политичко рекламирање