Кандидатот за претседател, Проф. Блерим Река, вечерва ја продолжи својата кампања во Кичево, на која присуствуваа илјадници граѓани.

За време на митингот, професорот Блерим Река, истакна дека суштината на мултиетничката република е законот односно законот над се и пред се.

„Само во една република каде владее законот ќе има и политичари кои имаат чисти раце. Законот ќе биде оној кој ќе ги осуди не само кривично, туку законот ќе ги испрати во историја политичките партии, кои 18 години се во судир со законот, беа корумпирани и продолжија со непотизам, плус не ги почитуваат судовите. Заврши времето на корумпирани политичари, кои се склони на непотизмот, а тоа ќе се потврди на 21 април. Општество за сите, бидејќи ние постоиме како општество, ние сме дел и ќе останеме дел од ова општество, но тоа што и недостасуваше на оваа држава е Албанците да се дел од заедничката држава. Без да бидеме дел од највисоките државни структури, ние нема да бидеме еднакви ", истакна Река.

*Платено политичко рекламирање