Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова вечерва се обрати пред граѓаните во Прилеп.

Сиљановска Давкова ги поздрави граѓаните и им се заблагодари што одвоиле од своето драгоцено време за да сослушаат нејзе, и што и даваат огромна поддршка за завладее правдата во Република Македонија.

Восхитена и вознемирена сум од глетката, во Прилеп е посебна чест да се зборува. Знам дека во Прилеп е посебна прилика да се слуша химната, знам зошто Прилеп е синоним за слободарство, зошто се тука почна. Тука почна битката за македонските правдини, за македонската држава, рече Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова истакна дека најмногу ја вознемирува случката што се случи пред седум години на Смилковското езеро. Настанот што со право може да се нарече терористички, и без право и правда, а тоа е државата во која што живееме. Тоа не го заслужуваа невините луѓе. Тоа е атак врз уставниот поредок. Тоа е терористички чин. Меѓутоа правен епилог нема.

Да потсетам што велеше премиерот тогаш дека има снимки, дека никој нема да остане неказнет, но се чини дека правото и правдата не стигаат, нагласи Сиљановска Давкова.