Телевизија Телма во соработка со Институтот за демократија Социетас Цивилис и МЦМС, објави анкета за претстојните претседателски избори која била спроведена телефонски во период од 7 април до 11 април на репрезентативен промерок од 967 испитаници.
Според резултати предност има кандидатот на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски кој води со 3,7 процентни поени разлика пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, процент које во рамки на статистичката грешка.
На прашањето по етнички заедници, 32,6 % од испитаниците македонци се изјасниле дека својот глас ќе го дадат за Силјановска, додека 28,6 % се одлучиле својот глас да го дадат за Пендаровски.
Кај албанскиот гласачки електорат пак, кандидатот Блерим Река поддржан од Движењето БЕСА и Алијансата за Албанците, убедливо води пред останати против кандидати. За него ќе гласаат 41,6 % од Албанците.
*Платено политичко рекламирање