Мртвата трка за претседателското столче продолжува и понатаму.

На вечерашната телевизиска дебата на која учествуваа кандидатите за Претседател, Стево Пендаровски, Гордана Силјановска и Блерим Река, Македонската телевизија објави анкета изготвена од агенцијата М-Проспект а спроведена од 4 до 10 април годинава, на вкупно 1.197 испитаници од македонска и албанска националност.

Според нивните податоци, кандидатот за Претседател Стево Пендаровски води со 26,7% пред Гордана Силјановска Давкова за која се изјасниле 24% од населението додека гласот за Блерим Река ќе го дадат 11,1% од вкупното население.

Според податоците на анкетата презентирана на Македонската Телевизија, 15,8% од населението сеуште не одлучиле за кого ќе гласаат додека 6% одбиле да одговорат.

Ако се земе во предвид дека речиси за секоја анкета, статистичката грешка се сведува на маргините од плус, минус 3, се изведува заклучок дека на средина од претседателската кампања, рејтинзите помеѓу двајцата главни кандидати за претседателското столче е изедначена.