Анкетата спроведена од агенцијата „М – Проспект“за потребите на Македонската телевизија а објавена пред претседателската тв дебата, покажа дека кандидатот за Претседател Блерим Река води кај албанските гласачи со над 40 проценти.

Резултатите од анкетата спроведена од 4 до 10 април годинава, на вкупно 1.197 испитаници покажала дека за кандидатот Блерим Река својот глас ќе го дадат 40,8 од албанското гласачко тело додека за Пендаровски 20,5 проценти.

Во споредба со останатите анкети, рејтингот на професорот Блерим Река бележи пораст и кај македонците и се доближува до еден процентен поен, а најголема предност кај македонците сеуште има кандидатот Гордана Силјановска Давкова за која се одлучиле дека гласот ќе го дадат 34 проценти од етничките Македонци.

*Платено политичко рекламирање