Пред дебатата на тројцата претседателски кандидати, МРТВ ги соопшти резултатите од анкетата што за оваа прилика ја изготви агенцијата „М – Проспект“.

Анкетата покажа дека 69,1 отсто од граѓаните ќе гласаат на претстојните претседателски избори, 23 проценти нема да гласаат, а 7,8 не знаат за кого ќе го дадат својот глас.

Анкетата спроведена од 4 до 10 април годинава, на вкупно 1.197 испитаници од македонска и албанска националност, покажува и дека 77 отсто од граѓаните нема да ги бојкотираат изборите, додека 10,7 отсто ќе го сторат тоа.

За Стево Пендаровски ќе гласаат 26,7 проценти од испитаниците, за Силјановска Давкова 24 проценти, а за Река 11 проценти.

За ниту еден од кандидатите нема да гласаат 16,4 проценти, додека 15,8 отсто се уште не одлучиле за кого ќе го дадат својот глас.

Македонците дале поголема поддршка за Силјановска, 34 проценти, на Пендаровски ќе му дадат поддршка 28,7 проценти, а на Река 0,8 отсто.

Кај албанското гласачко тело Пендаровски котира со 20,5 проценти, Силјановска со 0,3, а Река е со 40,80 проценти.

*Платено политичко рекламирање