Како ќе влезете во ЕУ ако сте против договорите со Грција и Бугарија, како ќе негувате добрососедски односи без соработка со соседите? Ако имате експлицитен негативен став по овие прашања, зборувате празна политичка реторика, и рече претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на својата ривалка, професорката Гордана Силјановска Давкова во вечерашната дебата на МРТВ.

Според Пендаровски, двата договора, и Преспанскиот и оној со Бугарија, се историски и ги отвораат евроатлантските перспективи на земјава, не одземајќи притоа ништо од нашиот интегритет.

-Ги поддржувам договорите со Бугарија и Грција. Во историска перспектива, Преспанскиот договор беше најдоброто можно решение за нас, ни овозможува пат кон Европа, а не ни одзема ништо. И Договорот со Бугарија е европски и не ни одзема ништо од националните интереси, нагласи Пендаровски.