На вечерашната телевизиска дебата помеѓу кандидатите за претседател на Македонската Телевизија, професорката Силјановска го повтори својот став дека Преспанскиот договор гледано низ призмата на правото е надвор од нашето Уставно право.
Силјановска изрази сосема спротивен став за разлика од Пендаровски и истакна дека на Преспанскиот договор гледа низ призма на владеењето на правото. Преспанскиот договор, рече, е надвор од нашето уставното право, но и спротивно на законите, како и на меѓународното задолжително право.
-Договорите се нужни, но при договарањето треба да се внимава на владеењето на правото, а Преспанскиот договор е надвор не само од уставното право, туку е и спротивно на меѓународното задолжително право, потенцира Силјановска.