Кандидатот за претседател, професорот Блерим Река на телевизиската дебата на Македонската телевизија истакна дека владеењето на правото е суштината на неговата изборна програма.
- Република за сите со законот над сите е моето мото за кое ќе се залагам како Претседател. Сметам деко во Македонија има дефицит на владеење на правото од причина што сите очекувавме после 2016 година да се отвори процес во кој Законот а не поединецот ќе владее со државата, истакна Река.
Тој додаде и дека жали што во Македонија работите не се сменети и дека сеуште постои селективна правда без вистинска борба против мега скандалите за коруцпија од минатото.
- Селективна правда се уште има. Ние сеуште немаме судска правосилна одлука за мега скандалите од минатото во кои пред се беа опфатени политичари од албанските политички партии. За жал сеуште имаме политички пазарења на име на правото а правдата а последен таков случај е и пазарењето во однос на статусот и иднината на Специјалното јавно обвинителство. Во концептот на „Република за сите“ овие политички пазарења на сметка на правниот систем нема да бидат дозволени, заклучи Река.
*Платено политичко рекламирање