Евроатлантската агенда и „нула проблеми со соседите“ ќе бидат основни постулати на моето владеење од причина што Претседателот на државата најголемите ингеренции ги има токму во таа насока, истакна кандидатот за Претседател професорот Блерим Река на телевизиската дебата на Македонската телевизија.

- Во однос на евроатлантските интеграции јас сум докажан проевропски и пронато човек и целата моја кариера е насочена во тој процес. Ако досега имавме алиби за неиспорачаните реформи кон Брисел поради Преспанскиот договор, сега веќе нема да можеме да ја залажуваме ниту јавноста ниту Брисел во однос на политичките проблеми. Во таа насока како Претседател ќе формира евроантлантски совет која нема да ги пречи и Владата во однос на тие политики, туку ќе своето искуство и знаење преку советот ќе допринесувам за побрз и поефикасен процес на зачленување на земјата во Европската Унија, истакна Река.

Во однос на регионалната соработка, професорот Река истакна дека смета дека Македонија треба да започне еден проект на Балканот, односно да се формира „Бенелукс“ на Балканот каде што Македонија би била лидер со цел побрза интеграција на сите земји од балканот кон Европската Унија.

*Платено политичко рекламирање