Како иден врховен командант на вооружените сили на 30-тата земја членка на НАТО ќе се залагам за крупни промени и реформи во целиот безбедносен сектор а во мојот мандат три приоритети ќе бидат главни, посочи кандидатот за Претседател Блерим Река на телевизиската дебата на Македонската телевизија.
- Првиот приоритет ќе биде обезбедување на 2% од домашниот буџет кој ќе биде наменет за одбраната и Армијата, второ модернизација на Армијата според НАТО стандардите и трето и што според мене е најважно е длабока реформа во безбедносните и разузнавачките служби на Армијата, потенцираше Река.
Тој додаде дека како идна членка на НАТО Македонија со земјите членки на Алијансата ќе разменува класифицирани информации и дека треба да се создаде доверба во унијата дека тие информации и документи нема да завршуваат кај трети актери кои би имале безбедносна и политичка корист.
- Тешко дека ќе можеме да бидеме кредибилен стратешки партнер на НАТО како земја членка ако во истите служби работат истите луѓе кои само пред една година беа против НАТО. И тука бескомпромисно треба да се направат реформите, заклучи Река.
*Платено политичко рекламирање