Хуманитарната организација „Класје на добрината” денеска донираше помош за кичевската болница и за Здраствениот дом во вредност од 50.000 американски долари. Помошта е главно во медицински материјали за потребите на овие здраствени установи.

По примопридавањето, преседателот на „Класје на добрината”, Руфат Шерифи истакна дека донацијата е стигната од организацијата „Исламик релеф” со седиште во Велика Британија, но медицинскиот материјал е од САД.

-Помошта се надеваме ќе им помогне на оние на кои им е потребна, рече Шерифи.

Благодарност во име на здраствените установи изрази директорот на Здраствениот дом, Џабир Бајрами според кој помошта е добредојдена и ќе помогне многу во секојдневното работење.