Кандидатката за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова денеска преку својот фејсбук профил ги адресираше проблемите со непотизмот и партиските вработувања.

„Непотизмот и партиските вработување се проблем. Нам ни требаат во администрацијата да работат најдобрите. Младите во Македонија. Но што велат тие? До пред неколку месеци 58% сакаат да заминат, сега процентите се уште пострашни. Животот и иднината не ги гледаат овде. По секоја цена сакаат да си одат. Ако најдобрите бидат на најдобрите функции тогаш има место за нив во Македонија. Корупцијата е закана за суверена Македонија. Правото мора да преовладее! #ПравдаЗаМакедонија #ТатковинатаПовикува“ - напиша Силјановска Давкова на официјалниот фејсбук профил.

*Платено политичко рекламирање