Дваесет и еден учесник од Македонија, Србија и Бугарија цртаа на денешниот „Еко Графити Фест“ што се одржа во дворот на централните училишта во Куманово. Учесниците цртаа графити на ѕидовите на училиштата „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“ и на театарот.
-Со години наназад ѕидовите беа мета на шарање на политички или други навредливи пораки, така што аплициравме и добивме проект со кој им дадовме простор на уметниците од регионот да се изразат и да ја подигнат свеста за уметноста кај најмладите, изјави директорот на училиштето Југослав Спасиќ, координатор на проекот информираше дека „Графити фест за поголема урбана свест“ е поддржан од Фондацијата на отворено општество и промовира кохезија и слободно изразување на уметниците.
Освен цртање графити, денеска имаше и забава со диџеј, а екипата на Црвен Крст промовираше проект од хумана вредност, со кој се собираат средства за ученичка од „Крсте Мисирков“ чиј дом неодмана беше опожарен. Од училиштето апелираа и граѓаните да го проследат овој настан и да донираат за семејствата чии домови беа опожарени.