Кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова при своето гостување на Алфа ТВ го потврди уште еднаш својот став против бојкотот на изборите.

„Еднаш, два, три пати ќе бојкотирате и што потоа? Пак ќе има избори во институциите на Северна. Ние не сме го избрале или наметнале тоа име, тие да, тоа е нивниот избор. Институциите, ливчињата, ќе го носат тој назив, па кажете ми како и каде ќе го смените тоа, ако не одвнатре?“ - истакна Силјановска Давкова.