Претседалската кампања полека влегува во финишот. На седум дена пред крајот на истата, независниот претседателски кандидат Блерим Река поддржан од Алијансата за Албанците и движењето БЕСА ќе оддржи митинг со почеток од 19:00 часот во Домот на културата во Гостивар а на митингот ќе се обратат и лидерите на БЕСА и АА, Зијадин Села и Билал Касами.
Претходно, како што најавуваат од штабот на Блерим Река тој ќе оствари средби со граѓани во Тетово.
Вчера, професорот Река пред граѓаните на Кичево се осврна на корупцијата, непотизмот и организираниот криминал како една од црните страни на политичките елити во Македонија и потенцираше дека поради таквите појави Македонија се оддалечува од Европската Унија.
“Заврши времето на корумпирани политичари, кои се склони на непотизмот, а тоа ќе се потврди на 21 април.", истaкна Река
*Платено политичко рекламирање