Невладината организација „Полимат 13“ од Богданци утре организира посета на значајното подрачје во општината каде расте ендемичната билка Astragalus physocalux, карактеристична кај нас и во поширокиот регион.

Растението, освен на територијата на општина Богданци, расте само уште на две места во светот и најатрактивно е токму во месеците април и мај кога е во фаза на цвет, велат организаторите на посетата.

Организаторите ги поканија сите заинтересирани граѓани на општина Богданци и соседните општини да им се придружат и заедно да поминат прекрасен ден во природа.