Студентите се мојот живот. Студентскиот стандард мора да биде наш приоритет, а не опција. Без младите, немаме иднина. Без нив, немаме економија. Без младите немаме татковина. Како професор, но и идна претседателка на Македонија имам план и стратегија како да помогнам во создавањето на процесите кои ќе влијаат врз младите се со цел – да останат тука, дома, во Македонија,истакна Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за Претседател на Македонија.
Таа додаде дека преку правото и правдата ќе допринесе за подобро и поквалитетно секојдневие од кое најголем бенефит ќе имаат младите.
- Клучниот чекор се правото и правдата. Да покажеме дека можеме заедно да придонесеме за подобар живот и секојдневие и за младите. Затоа заокружете го бројот 2 за право и правда, додава Силјановска.